Снуп Дог тужи голем трговски ланец: „Волмарт“ има „ѓаволски заговор“ да ми го уништи бизнисот со житарки

Снуп Дог тужи голем трговски ланец: „Волмарт“ има „ѓаволски заговор“ да ми го уништи бизнисот со житарки

пред 11 месеци

Американските рапери Снуп Дог и Мастер Пи, чии вистински имиња се Кордозер Калвин Броудус и Перси Милер, поднесоа тужба против „Волмарт“ и „Пост консјумер брендс“, тврдејќи дека овие две компании „заговараат“ да спречат нивните житарки да стигнат до продавниците. Во тужбата се вели дека фирмите со „ѓаволски постапки“ ја намалиле продажбата.

Тужбата е поднесена во американската сојузна држава Минесота од фирмата на Снуп Дог, „Броудус фудс“, чии адвокати тврдат дека синџирот маркети „Волмарт“ и „Пост“ – производителот на житарките на Снуп, ја саботирале продажбата. Меѓу тактиките наведени во поднесокот е и тоа дека „Волмарт“ необјасниво ги цени житарките до 10 долари по кутија во некои продавници, а во други не го ни продава тој производ, со цел – „да го избрка ‘Бродус фудс’ од пазарот“, се наведува во тужбата.

„‘Пост’ вложи максимални напори да го направи ‘Снуп сиријал’ недостапен за потрошувачите, а имаше и нереални трошоци што ја отстранија секоја заработка за ‘Броадус Фоодс’,“ се нагласува во жалбата.

Брендот за житарки „Снуп сиријал“ беше лансиран од Снуп Дог во 2022 година, под назив „Броудус фудс“. Компанијата се рекламира како прв бренд за житни култури во САД, а во сопственост на Афроамериканци.

Во изјава за „Минесота стар-трибјун“, „Пост“ ги игнорираше тврдењата на двајцата рапери и додаде дека е разочаран што житарките не се продаваат добро.

„Пост консјумер брендс’ со нетрпение го дочека партнерството со ‘Броудус фудс’ и направивме значителна инвестиција во тој бизнис… Бевме подеднакво разочарани што побарувачката не ги исполни очекувањата“, се вели во соопштението.

Во тужбата се наведува дека компанијата на Снуп Дог бара парична отштета од тужените „Волмарт“ и „Пост“ и ги обвинува за прекршување договор, на преземените должности и несовесно лажно претставување.

Share
Scroll to Top