Модниот дизајнер Златко Јовановски во јавноста е познат по смелите креации со многу светки, пердуви и скапоцени камења. Познат како ЈЗЈ, медениот креатор не отстапува од овој стил и за празниците. За дочекот на Новата година пак има топ предлози што да облечете, па ги сподели во „Репортер“.
„Црвената боја е задолжителна, макар и долната облека. Оваа боја носи среќа, а и по прославата, не се знае пред кој ќе треба да се соблечете. По мене најдобро е да немате комбинација. Покрај камин и голема украсена елка да бидете голи со својата сакана личност и да уживате. Доаѓа 2022 година, 21 век, може да сте и со повеќе личности, групно. Сè е дозволено, ако тоа ве прави среќни“, вели Златко за „Репортер“. И додава дека во тренд се парчиња облека од црн плиш или кадифе, дополнети со сребрени cветкави детали. Ова важи и за мажите и за жените.
Според него сè е дозволено, не постојат лоши или добри комбинации, ама сепак, што и да изберете на себе имајте барем нешто црвено. Вели, без ограничувања, секој како сака, само да влезат во новата 2022 задоволни со својот изглед и среќни.
Низ разговорот ни откри дека оваа сезона се во мода светло сина и светло зелена боја, но не класичните нијанси, туку „чудно убави бои“. И додава: За празниците обично се избираат шљокици, и тоа е секогаш во тренд. Па без нив ни јас не би бил ЈЗЈ, кралот на светкавото“.
За потсетување, Златко со години ја воодушевува балканската публика. Но, откако лани Ава Макс носеше негова креација за насловната на списанието „Хер Ворлд“, а негови дизајни се појавија во „Космополитан“ и „Гламур“, за модниот дизајнер од Тетово слушнаа и во светот.
Андријана Јовановска