Совети за правилно одржување на ленената облека

Совети за правилно одржување на ленената облека

пред 3 години

Пред да се одлучите да ја исперете ленената облека во машина за перење, не заборавајте внимателно да ги прочитате упатствата на етикетата.

Кога ќе пристигне летото, и жените и мажите со задоволство избираат ленена облека, бидејќи овој материјал е лесен, овозможува кожата да дише и е пријатна на допир.

Меѓутоа, ниту ленените предмети не се идеални – брзо се гужваат, а со непрофесионално ракување при перење, може да се смалат, да изгубат боја и брзо да се распаднат.

За да го задржите омилениот фустан, кошула, панталони или ленено здолниште што е можно подолго, следете ги овие совети.

1. Полупразна машина

Кога перете вакви алишта во машината за перење, никогаш не го наполнувајте барабанот до крај. На ленената облека ѝ треба многу повеќе вода при перење за да биде чиста, бидејќи ленените влакна доста набубруваат. Ако ја преоптоварите машината или ставите вообичаено количество облека, како на пример кога перете памучни бели алишта, ленените предмети ќе бидат премногу стуткани, а во исто време нема да бидат добро испрани.

2. Изберете го правиот циклус на перење

Нежниот циклус на перење е најдобриот избор. Изберете максимум 600 вртежи во минута за да ги заштитите влакната од ткаенината. Исто така, не заборавајте дека на ленот му треба долго време да се исуши целосно.

3. Внимателно изберете ја температурата

Пред да ставите ленена облека во машината, проверете на етикетата која температура на перење ја препорачува производителот. Небоеното платно може да се пере на 90 или 95 степени, но ленената облека во боја не треба да се пере на температура повисока од 40 степени. Ова ќе ги спречи боите да исчезнат и облеката нема да се собере.

4. Изберете го вистинскиот детергент

Силниот детергент може да ги оштети влакната, така што ленената облека нема да трае долго. Одлучете се за благ течен детергент, особено ако вашата облека е направена од лен во боја.

5. Заборавете на омекнувачот и  машината за сушење

Колку и да ви се допаѓа мекоста на материјалот после перење, не се препорачува употреба на омекнувач кога станува збор за ленената облека. Исто така, не ја ставајте во машина за сушење – тоа ќе ги  изгужва толку многу што ќе ви треба двојно повеќе време за пеглање од вообичаеното. Пеглајте ја додека е сè уште е влажна, на најсилна температура.

Share
Scroll to Top