Совети за убавина што ќе ви го променат животот

Совети за убавина што ќе ви го променат животот

пред 3 години

Убавината не е само она што го гледаме однадвор, туку таа е спој од неколку работи. Самодоверба, среќа, чиста убава кожа и здрава негувана коса.

Првиот совет е за кожата. Никогаш не легнувајте со шминка на лицето. Исчистете ги порите и оставете ја кожата да дише. Посветете си барем еден ден во неделата и направете си пилинг и масажа на целото тело, кожата ќе ви биде благодарна.
Следниот трик е за мажи исто колку и за жени, особено за спанковци кои се успиваат наутро.
Спијте легнати на грб, ќе го избегнете потечениот израз на лицето и ќе изгледате свежо и одморено, дури и ако сте легнале доцна.
Зголемете си ја самодовербата.


Наутро пред да почнете да се шминкате, погледнете се во огледало и дајте си барем три  комплименти сами на себе. На пример, колку сте горди на себе, колку сте среќни со вашето тело или само колку убаво се чувствувате. Така ќе ја цените повеќе вашата природна убавина, а да бидеме искрени, на никој лошо не му доаѓаат комплименти.
За совршен изглед мора да ја спомнеме и косата. Но, овој пат нема да зборуваме каква боја или која фризура ви стои. Најлесниот начин да се грижите за неа е редовно да ја потстружувате и пред секое фенирање или пеглање да нанесете спреј за заштита од топлина.
И за крај, научете да се сакате самите себе, вашето тело, па дури и маните што ги имате зашто само така ќе се трудите секој ден да станете сè подобри и поубави.

Share
Scroll to Top