Совршен брак без кавги: Џорџ Клуни за љубовта со Амал

Совршен брак без кавги: Џорџ Клуни за љубовта со Амал

пред 12 часа

Холивудскиот заводник Џорџ Клуни откри дека во неговиот брак со адвокатката за човекови права Амал владее совршена хармонија.

Во интервју за „Си-би-ес њуз“ актерот изненади со признанието дека во повеќе од една деценија љубов никогаш не се скарале.

„Сите се сомневаат кога ќе кажам, но навистина никогаш не сме се скарале,“ рече Клуни, додавајќи дека зрелоста и меѓусебната поддршка се тајната на нивниот мирен однос.

„Кога си млад, сакаш секогаш да бидеш во право. Денес, ако Амал сака да го обоиме ѕидот во црвено — едноставно не ми е важно,“ се пошегува актерот.

Парот се запознал во 2013 година, се венчал во Венеција една година подоцна и денес ужива во семејниот живот со близнаците Александар и Ела.

Share
Scroll to Top