Состојки: 200 гр свежо сирење, 3 лажици ајвар, 2 лажици мелени ореви, 2 лажици путер, 3 лажици сечкан магдонос, сол, бибер (количина по желба)
Подготовка: Подгответе го намазот така што во сирењето ќе додадете ајварот, оревите, стопениот путер, сол и бибер. Добро измешајте ја смесата и потоа направете топчиња. Секое топче извалкајте го во магдонос и чувајте го во фрижидер до сервирање.