Сомалијанец дал отказ за да патува низ светот, ја засакал Македонија и реши да остане во Драчево

Сомалијанец дал отказ за да патува низ светот, ја засакал Македонија и реши да остане во Драчево

пред 2 години

Мустафа Ахмед  од Сомалија  досега има посетено повеќе од 30 земји низ светот. Тој рече дека дал отказ од работното место само за да може да патува и дека на крајот најмногу му се допаднала Македонија и затоа решил да се пресели тука.

Ја пофали македонската храна и рече дека му се смешни некои од македонските изрази. Има посетено голем број македонски градови и населби, а убавите спомени ги објавува на интернет.

„Некои од балканските изрази не можев да ги разберам. Така кога една постара жена помина покрај мене ми рече ‘да те се**ат кокошките’ се збунив. Кога проверив на „Гугл“ си помислив катастрофа“, рече Мустафа.

Тој е по потекло од Сомалија, но пораснал во Норвешка. Во 2020 година во периодот на пандемија на короната, одлучил да даде отказ и отворил сопствена компанија за консултации во ИКТ секторот. Сега вели дека додека работи истовремено има можност да патува и да посети голем број места во светот.

Првото негово патување му било во Хрватска. Но, не му се допаднало. Вели дека имало многу туристи, па затоа продолжил во Србија, а потоа и Косово, Албанија и Македонија.

„Имам посетено голем број места во светот, но најмногу ми се допадна Балканот. Иако секоја земја ми остави свој впечаток, најубаво се чувствував во Македонија“, рече Мустафа.

Минатата година останал 3 месеци во Македонија, по што продолжил да патува во други земји. Но, брзо потоа одлучил да се врати во Скопје.

„Македонија секогаш ќе остане дел од мене“, рече тој и објасни дека љубовта кон земјата го натерала да објавува видеа на „Инстаграм“ и „ТикТок“. Мустафа редовно ги споделува искуствата и впечатоците кои му ги оставила македонската храна и себно внимание обрнува на македонскиот хумор.

Ги има посетено Битола, Прилеп, Крушево и Струмица, а за Драчево вели дека има најдобар кромид. Планира да остане на Балканот до крајот на годинава, а во 2023-та година планира да ги посети Грузија, Азербејџан и Ерменија.

Share
Scroll to Top