Сопругот на Тања Савиќ покрај децата ѝ украл и повеќе од 150.000 евра

Сопругот на Тања Савиќ покрај децата ѝ украл и повеќе од 150.000 евра

пред 3 години

Пејачката Тања Савиќ откри дека нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ покрај децата и украл и 150.000 евра. Тој ги лажел синовите дека ќе добиел рак поради неа, открива пејачката.

„Тој ми ги зеде децата, но и парите. Со 10.000 евра смееш да излезеш од нашата земја, а тој однесе преку 150.000 евра. Не знам како успеал да ги изнесе. Тој бараше и од газдите на дискотеките да не ги уплаќаат парите на моја сметка, туку на негова која ја има во Австралија“, открива Савиќ.

Пејачката остана без нејзините синови уште на почетокот на оваа година, откако Душан ги однесе во Австралија. Од тогаш таа ги нема видено. Повремено вели дека се слуша со нив и открила дека татко им ги лажел дека ќе добиел рак поради неа.

„Мене ми е важно само како тој им го труе мозокот. Се слушнав со моите деца, но тие многу се имаат променето. Ми велат дека татко им ќе добиел рак поради мене. Тој ги лаже дека имам дечко и дека се забавувам со ново момче“, вели Тања за „Магазин ин“.

Савиќ го обвинила сопругот дека и ја украл целата заштеда која ја собирала за да купи стан.

„Сите документи ги предадов до Министерството за правда. Тие имаат контакт со српскиот конзулат во Австралија. Имам и јас свој адвокат во Австралија. Побарав тој да не води сметка за децата, им кажав дека тој не размислува за психолошките последици. Едвај го чекам судењето кое ќе биде во Австралија, а кое може ќе се одвива без мое присуство поради ковид 19. Судот треба да одлучи за тоа на кого ќе му припаднат децата. Тие имаат двојно државјанство, а јас немам. Но, имам трајна виза, па речиси тоа е исто како и да сум државјанин. Јас сакав да отидам таму, но постојано ми беа откажани летовите. Летот ми беше во ноември, но не можев да чекам. Тука работам, а имам и некои долгови. Морам да се борам. Морам да ги плаќам и адвокатите. Тој ми направи вистински хаос во животот. Тој уште ги троши моите пари. Ваква будала не се раѓа. Тој ми ги зема децата, но ми ги зема и парите. Со 10.000 евра смееш да излезеш од нашата земја, а тој ми однесе преку 150.000 евра“, вели Савиќ.

 

 

Share
Scroll to Top