Софија Вергера и Џо Манганиело се разведуваат по седум години брак: Донесовме тешка одлука да се разделиме

Софија Вергера и Џо Манганиело се разведуваат по седум години брак: Донесовме тешка одлука да се разделиме

пред 1 година






Актерката Софија Вергара и нејзинит сопруг Џо Манганиело се разведуваат по седум години брак,  дознава американскиот портал Пејџ Сикс.

Со недели се шпекулира за крајот на нивниот брак, а Софија и Џо одлучиле јавно да информираат.

„Донесовме тешка одлука да се разделиме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно замолуваме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека да зачекориме кон оваа нова фаза од нашите животи“, гласи нивната зедничка изјава.

Актерката во моментот го прославува својот 51.роденден во Италија со пријатели.

„Софија и Џо веќе некој период се оддалечуваат еден од друг да можат да размислат за својата иднина“, претходно изјави извор за Пејџ Сикс.






Share
Scroll to Top