Социјалната мрежа Тик Ток и музиката се тесно поврзани, па и затоа компанијата најавува своја апликација за стриминг музика.
Поднесоците за патенти, откриени од инсајдер, покажуваат дека Тик Ток работи на сопствена музичка апликација. ByteDance, компанијата која е сопственик на Тик Ток, поднесе барање за патент за „Тик Ток Мјузик“ уште во мај. Според достапната документација, услугата ќе им овозможи на корисниците да купуваат, пуштаат, споделуваат и преземаат музика. Исто така, може да овозможи креирање, споделување и препорака на музички плејлисти, музички коментари и пренос во живо на аудио и видео содржини.
ByteDance веќе има искуство со стриминг музика, бидејќи компанијата ја лансираше апликацијата за стриминг Resso во Индија, Бразил и Индонезија во 2020 година. Сè уште не е познато дали ByteDance планира да развие апликација за стриминг музика врз основа на рамката што ја користи Resso или ќе создаде нешто сосема ново.