Откако српската пејачка Ана Николиќ објави видео од состојбата на нејзиното лице, регаираа нејзини колеги, но и соседите на пејачката.
Соседите коментираат дека на пејачката и е потребна стручна помош.
„Мора некој да и помогне. Нејзината мајката се труди, но таа не е дете за да ја фати за рака и да ја однесе каде што треба. Се обиде и нејзиниот брат, но и тој сега има семејство. Не може да се грижи за неа, а некој навистина мора“, изјавил за „Блиц“ еден од соседите на Ана.
„Со месеци носи качкети, капи и шешири. Ја слушаме како пее на улица. Многу пцуе, но таа е само уметник кој се изгубил. Може да го канализира како инспирација и да биде стара ѕвезда, за да не падне во очај“, изјавила соседката на познатата пејачка, додала дека нејзиниот бивши сопруг Раста доаѓал да си ја земе ќерката, но во последно време ја праќал дадилката со шофер за да не се караат пред детето.
Помладо момче кое живее неколку куќи подалеку од неа, тврди дека како децата сакале да стојат пред нејзината зграда и да ѝ скандираат.
„Кога бевме во средно, стоевме пред зградата на Ана и викавме „Ана, те сакаме“, таа ќе се појавеше на терасата и ќе речеше „И јас ве сакам“, раскажало момчето за српските медиуми.