Со прогласување на петтемина финалисти заврши првата вечер од Макфест 2021 во Штип. Вечерва свој настап повоторно на макфестовата бина ќе имаат Александар Тодороски, Марија Данева, Виолета Арсовска, Рахила Такашманова и Калина Велковска. Фестивалот беше под отворено небо во Аква бела ресортот во Штип, а иста е локацијата и вечерва со почеток од 20:30 минути.
„Претставува среќа за една општина да биде организатор на еден ваков убав, модерен, забавен фестивал наречен Макфест и како градоначалник имам среќа и задоволство да бидам татко на градот на музиката. Макфестот е се она што го гледаме , што го доживуваме, макфестот е никогаш да не си осамен, макфестот се ѕвона ѕвонат, виолината и гитарата“ – рече градоначалникот Сашо Николов. Финалето е вечерва.