Со порака за солидарност кон пожарникарите, Влатко Стефановски го започна концертот на Антички театар во Охрид

Со порака за солидарност кон пожарникарите, Влатко Стефановски го започна концертот на Антички театар во Охрид

пред 3 години

Со порака за солидарност кон пожарникарите, македонскиот гитарист Влатко Стефановски синоќа го започна концертот на Антички театар во Охрид. Тој им се заблагодари за трудот и пожртвуваноста.

Со него на сцената за првпат настапија и младите музичари Иван Кукиќ кој свиреше на бас гитара и неговиот син Јан чиј добош му пукна среде концерт, па мораше да го замени со нов.

„Ве молам, пред да продолжиме да свириме, да ги поздравиме пожарникарите кои храбро се борат со огнените стихии низ Македонија, и да се надеваме дека наскоро ќе се смират“, рече Влатко.

Публиката се забавуваше на „Си заљубив едно моме“, и „Елено ќерко“, песните од албумот „Сеир“, како и на старите добри познатите хитови од некогашната рок-група „Леб и сол“. Публиката уживаше и во песните од нгеовиот нов албум Taftalidze Shuffle.

На концертот гостуваше сопранот Весна Ѓиновска-Илкова со која ја испеа „Македонско девојче“ и Con te partiro“ од Андреа Бочели.

За крај, посетителите имаа можност да ги испеат на цел глас „Учи ме мајко, карај ме“ и „Скопје“, како и „Бистра вода“, за која вели дека му е особено драга и после 30 години.

Share
Scroll to Top