Со роднините што ќе ме колеа, вртевме јагне на жар: Неда Украден за заканите од семејството

Со роднините што ќе ме колеа, вртевме јагне на жар: Неда Украден за заканите од семејството

пред 3 години

Откако во медиумите се пишуваше дека Неда Украден ја тужи Република Хрватска и роднините во Имотски, по што тие ѝ се заканиле дека „ќе ја убијат и ќе ѝ ја отсечат главата“, пејачката тврди дека сето тоа е лага. Таа испрати соопштение во кое ги негира сите пишувања за наводните кавги и закани од роднините.

„Само што се враќам од Имотски, каде ги посетив истите роднини со кои сум наводно закрвена и ќе ме колеа, а имам одлични односи. Дури и вртевме јагне, затоа што ми помагаат да ја обновам родната куќа, која беше срушена во 1992 година“, стои во пораката од фолк-пејачката.

„Оваа трагикомична ‘информација’ ќе изгледаше како лоша шега ако не мирисаше на барут и крв. И не можам да дозволам вакви грозоморни лаги понатаму да се вртат во медиумите, претворајќи се од мала снегулка во опасна лавина, сè со цел да го заштитам моето семејство во мојот роден град. Ниту едно од обвинувањата дека сум во кавга со моето семејство не е точно! Јас не сум во конфликт со роднините во селото, ниту има нешто спорно за мојот наследен имот, кој го наследив како единствено дете по смртта на мајка ми и татко ми. Јас овластив адвокат да ја пренесе сопственоста во мое име. Тој спроведе правна постапка наречена „утврдување на веќе постоечката неприкосновена сопственост“ за да го запише имотот во земјишниот регистар и целата постапка е финализирана“, вели Неда.

Таа во пораката открила и дека со роднините пред да си дојде правеле гозба со јаре на жар и дека сите тие ѝ помагаат да ја обниви родната куќа која беше разрушена 1992 година.

„Некои обезбедуваат вода, други електрична енергија што работниците ја користат за да работат внатре. Истиот тој роднина сведочеше пред судот дека границите и позициите на мојот наследен имот биле точно како што е наведено во судскиот налог. Мене некој не ми побарал изјава, ниту сум комуницирала со медиумите на оваа тема, па сите овие произволни пишувања, освен што ги доведуваат во заблуда читателите, го нарушуваат мојот углед и угледот на моите невини роднини кои незаслужено се најдоа во центарот на измислен скандал“, заклучува пејачката.

Адвокатот на Неда, Иван Ќосиќ, изјавил дека поради споменатите клевети, таа ќе покрене постапка против неколку медиуми.

„Ќе ти ја отсечеме главата ако тужиш“ – Неда Украден бара имот од Хрватска, роднините не ѝ даваат

Share
Scroll to Top