Со Фиќо ја поминaвме цела Европа, а татко ми не простануваше да не фотографира: Ребека го разбуди сеќавањата на детство

Со фиќо ја поминaвме цела Европа, а татко ми не престануваше да не фотографира: Ребека го разбуди сеќавањата на детство

пред 1 година

Ребека Јанковска-Ристески објави ретро фотографии од нејзиното семејство кои како што вели ги има во голем број, затоа што нејзиниот татко Благоја кој бил новинар и сликар имал хоби да фотографира.

Ребека го опишува и моментот на развивање фотографии кој како дете го доживеала како многу интересен момент.

„Благодарение на хобито на мојот татко Благоја, кој патем беше одличен новинар и сликар, имаме илјадници фотографии од детството, а црно белите фотографии татко ми дома ги развиваше, во кујната и тоа за мене беше вистинско доживување. Прозорите покриени со ќебиња, фотографии насекаде распослани. Најпрво во некоја течност ги ставаше, а потоа ги редеше по масата и на јажиња со штипки. Магија беше тоа. Татко ми го доживував како некој маѓепсник и едвај чекав следно развивање на фотографии“, раскажува Ребека.

Фотографиите ја навратиле и на времето кога патувањата не биле луксуз, туку една обична животна потреба.

„Патувавме многу насекаде по светот со фиќото, а потоа со нашиот 101 Застава. Замислете ја поминавме цела Европа 2 пати со Застава. Првиот пат тоа беше 1980 година. Благодарна за сите прекрасни, невообичаени патувања“, раскажа Ребека за убавите спомени од дтството.

„Ете на кого сте толку убави со сестра ти“, „Прекрасна Ребека. Магија од спомени во овие фотографии“, „Ова е богатство“, се само дел од коментарите напишани од пријатели на пејачката.

Share
Scroll to Top