Со фустан на македонски дизајнер Бети ѝ парираше на кралицата Латиција

Со фустан на македонски дизајнер Бети ѝ парираше на кралицата Латиција

пред 4 години

Претседателот Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на свечената вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на НАТО, ја приредија кралот на Шпанија Фелипе Шести и неговата сопруга кралицата Летиција.

dobivaj vesti na viber

Првата дама овој пат избра црвен фустан – креација на македонскиот моден дизајнер Никола Ефтимов, во комбинација со црвени сандали и мала чанта во ист тон. Дизајнот на Ефтимов е инспириран од македонската и шпанската култура, одбра црвената боја како асоцијација на двете земји.

„Во појдовната точка на приказната е од црвената боја како референтната за двете земји. Свилениот фустанот ја следи идејата за едноставна елеганција, почитување на личноста на првата дама, но и самиот настан“, ни рече Никола Ефтимов.

Свилениот фустан носи доза елеганција и е сличен како оној што го носи кралицата Летиција на средбата. Таа носи црн фустан со ремен,  шик црни чевли на Маноло Бланик и впечатлив накит.

 

Share
Scroll to Top