Со шарени торби разбијте ја есенската монотонија

Со шарени торби разбијте ја есенската монотонија

пред 3 години

Додека ги планирате есенските комбинации, освен модерната облека, основната трикотажа, неколкуте пара панталони, елегантните фустани и стилските чевли, треба да обрнете внимание и на торбите, кои се најважниот асесоар. Оваа сезона ви предлагаме да одберете светли и весели модели како ќе додадат боја на секојдневната гардероба и ќе ве ослободат од есенската монотонија.

Популарните девојки на инстаграм сакаат торби со нијанси на јагодата, лимон, азурна вода, трева или сонце. Светлите торби може да бидат не само спектакуларен додаток, туку и практична работа. Со нивна помош, можете да го освежите монохрамскиот изглед. Оваа сезона, тренди девојките сугерираат да не се плашите од јарките бои.

Германската блогерка Леони Хејн лесно ја вклопува портокаловата торбичка Ботега Венета со црна кожна облека, инфлуенсерката Ксенија Адонс комбинира небесно сина торба со соодветен џемпер, а тренди Данкинката Емили Синдлев демонстрира како одеднаш да искомбинирате смели бои.

Во продолжение, погледнете како се носат шарени торби оваа есен по примерот на ѕвездите на уличниот стил.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Emili Sindlev (@emilisindlev) on

Share
Scroll to Top