Фудбалерот на Барселона Лионел Меси по Светското фудбалско првенство во 2014 година, во Бразил, е на посебен режим на исхрана. До Мундијалот обожавал преработена храна, но откако докторот му открил дека може да има здравствени проблеми ја променил.
Добил и предлог од менаџерот Пеп Гвардиола да размисли за исхраната. Капитенот на Аргентина некогаш бил миленик на ултрапреработената храна. Намирниците кои ги конзумирал содржеле високо ниво на масти и шеќер, а потоа докторот Адријан Кормилот открил дека може да има сериозни здравствени проблеми.
Меси тогаш одлучил да конзумира храна со голема количина на хранлива вредност. Неговата исхрана содржи пет клучни намирници: вода, маслиново масло, житарки, свежо овошје и зеленчук.
„Морам да напоменам дека јаткастите плодови и семките се исто така многу добри“, изјави италијанскиот нутриционист Џулијано Позер, кој направил клучна промена во менито на Меси.
Објасни дека шеќерот е најлошото нешто за мускулите, поради што го советувал да го избегнува, но и да се држи подалеку од рафинирано брашно.
„Количината на месо што вообичаено ја јадат Аргентинците и Уругвајците е премногу. Месото тешко се вари, па затоа го советував Меси да го намали”, додал нутриционистот.
Омиленото јадење на Меси е печено пилешко со зеленчук. Исто така, фудбалерот ужива во специјалитетот на Аргентина, поточно говедско филе пржено во презла, но и пица која ретко ја јаде.