Според Нострадамус конфликтот во Украина може да стигне до Франција

Според Нострадамус, конфликтот во Украина може да стигне до Франција

пред 2 години

Според познатиот францускиот пророк Нострадамус војната во Украина може да стигне сè до границите на Франција. Тој е  познат по неговите предвидувања за големиот пожар во Лондон и доаѓаењто на Хитлер на власт, а сега ја предвиде и војната во Европа.

Иако е тешко да се одредат точните датуми на неговите предвидувања, кои се изложени во неговата книга Les Profeties од 1555 година, се верува дека тој предвидел дека ќе има голем конфликт оваа пролет.

Едно од неговите предвидувања било и тоа дека Франција годинава би можела да се соочи со закана од исток.

„Плавоглавите ќе направат толкава штета кон запад, што Франција ќе мора да биде добра за двете страни“, пишува во неговата книга.

Експертот за Нострадамус, Боби Шајлер, смета дека Третата светска војна би можела да се случи во наредните неколку години.

„Нострадамус предвидел дека тоа ќе биде голема и долга војна, од 25 до 29 години, по што ќе следат неколку помали“, рече Шајлер уште минатата година и објасни дека потоа ќе следи добата на Сатурн и илјадници години ќе владее мир во светот.

Во неговото второ предвидување за 2022 година пишува и за удар на астероид и поплави кои ќе направат пустош низ голем број земји, а потоа ќе предизвикаат и масовна глад.

Некои веруваат дека Нострадамус го предвидел уништувањето предизвикано од глобалното затоплување и астероидите, па дури и подемот на технологијата за вештачка интелигенција.

Нострадамус е познат како пророк на несреќата. Францускиот астролог и лекар бил инспириран од библиските текстови и неговите сопствени искуства од чумата, а неговите предвидувања се фокусирале на гладот ​​и тагата.

Повеќе од 400 години откако Нострадамус ја објавил книгаta, делата негову стануваат сè попопуларни, а неговите предвидувања се целосно отворени за интерпретација.

Share
Scroll to Top