Србин незадоволен од услугата во бордел, се заканил дека ќе го запали и барал да му ги вратат парите

Србин незадоволен од услугата во бордел, се заканил дека ќе го запали и барал да му ги вратат парите

пред 3 години

34-годишен Србин бил уапсен во Виена, откако побарал да му ги вратат парите во бордел, оти не бил задоволен од услугата, а се заканувалл и дека ќе го запали борделот, пренесе „Клајн цајтунг“.

Според портпаролот на полицијата, Кристофер Верњак, сексуалната работничка ја прекинала услугата околу 16 часот бидејќи човекот бил премногу брутален. Тој побарал да му се вратат парите. Но, кога вработените го одбиле, станал уште поагресивен и почнал да се заканува дека ќе го запали целиот бордел.

Вработените во борделот повикале полиција, која го привела.

Share
Scroll to Top