Среде правна битка со колегата, Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли објавија заедничка фотографија

Среде правна битка со колегата, Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли објавија заедничка фотографија

пред 6 часа

Рајан Рејнолдс (48) и Блејк Лајвли (37) ги воодушевија фановите со новата фотографија која ја објавија на Инстаграм.

Тие позираа со рацете еден околу друг, а песната Only Wanna Be with You од 1994 година на рок бендот Hootie & the Blowfish свиреше во позадина на фотографијата. Парот е познат по тоа што често не објавува моменти од приватниот живот.

Тие се венчаа во 2012 година и имаат три ќерки – Џејмс (10), Инез (8) и Бети (5) и син Олин (1). Во последно време познатите актери постојано се во центарот на вниманието поради правната битка што ја водат со актерот Џастин Балдони.

Балдони ги тужеше Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, тврдејќи дека тие го присвоиле неговиот филм It Ends With Us и се обиделе да го уништат со лажни обвинувања за сексуално вознемирување.

Во тужбата од 179 страници, Балдони и неговите ПР експерти ги обвинуваат Лајвли и Рејнолдс за уцена, клевета и нарушување на приватноста. Во тужбата се бара отштета од најмалку 400 милиони долари, пишува Variety.

Share
Scroll to Top