Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов, веќе не е во љубовна врска со српската блогерка и инфлуенсерка Зорана Јовановиќ. Според српските медиуми, Зорана на своите пријатели им кажала дека веќе не се гледа со Николов, со кого беше заедно повеќе од една година и дека таа ја раскинала врската.
Таа наводно потврдила дека нема сериозен контакт со македонскиот фудбалер од поодамна, но дека тој ѝ понатаму ѝ испраќа пораки. Зорана, наводно рекла и дека нема намера да ја обнови љубовта со него и да се смири со Бобан. Причината за раскинувањето не ја открила.
Иако Николов никогаш јавно не потврди дека е во љубов со познатата блогерка, медиумите пишуваа дека тие се во љубов повеќе од една година. Откако тој почна да игра во Унгарија, Зорана често одеше во Будимпешта, па иако никогаш не објавија заедничка слика, споделуваа слични фотографии направени на исти места.
Како и да е она што сега најважно за нас и за Николов е Европското првенство, очекуваме Бобан како и секогаш до сега да биде 100% сконцентриран на настапите на теренот.