Српска старлета брутално претепана од поранешен учесник во „Задруга“

Српска старлета брутално претепана од поранешен учесник во „Задруга“

пред 2 години

Српската старлета Наташа Шавија (35) синоќа била примена во болница во Војводина со скршеници на лицето, откако била претепана од поранешниот учесник на „Задруга“, Стефан Кариќ (31), пренесуваат српските медиуми.

Старлетата имала тешки повреди, а дала изјава дека Кариќ побегнал откако ја удрил во главата. Таа тврди дека сѐ се случило во етно-селото Врдничка кула, за време на свадбена прослава.

Српската полицијата ги утврдува сите околности и работи на апсење на осомничениот, пишува „Блиц“.


Наташа Шавија е на интензивна нега, од каде за српски „Курир“ дала изјава со детали од инцидентот.

„Сѐ се случи во близина на тоалетот, каде што немаше луѓе. Не сум ни сигурна дали во тој момент имало обезбедување наоколу. Двапати ме повлече толку силно што ми испаднаа прамените од косата. Не можам да опишам каква е таа сила. Човекот мрази жени, негативен е кон жените иако изгледа мирно. Особено мрази убави жени. Беше многу пијан. Толку силно ми удри шлаканица што ми се сврти. Потоа почна да излегува надвор, не се сеќавам дали ме фрли на под или сама паднав, сакав да му вратам, му ја повлеков кошулата, тој пак ме повлече и ме удри со тупаница. Окото ми се затвори, ова е катастрофа. Ја чекам операцијата, не ми кажаа точно кога ќе биде“, раскажала Наташа за „Курир“.

Таа додава дека потоа се вратила во салата каде се одржала забавата, но обезбедувањето ја избркало.

Share
Scroll to Top