Стивен Спилберг освои награда за режија, „Фабелманови“ е најдобар филм: во Холивуд се доделија 80. „Златните глобуси“

Стивен Спилберг освои награда за режија, „Фабелманови“ е најдобар филм: во Холивуд се доделија 80. „Златните глобуси“

пред 1 година

„Фабелманови“ во режија на Стивен Спилберг е најдобар филм, а Спилберг ја освои наградата за најдобар режисер на 80 издание на „Златните глобуси“ што се одржа вчеравечер во Холивуд. Најдобар глумец е Остин Батлер, кој го глуми Елвис Присли во биографскиот филм за кралот на рокенролот, а наградата за најдобра женска улога ја освои Кејт Бланшет за улогата во „Тар“.

Филмот „Баншите на Инишерин“, во кој се зборува за крајот на едно машко пријателство на оддалечен ирски остров, освои „Златен глобус“ за најдобра комедија, а Колин Фарел, кој игра во филмот, е прогласен за најдобар актер во комедија. Награда доби и сценаристот на филмот Мартин Мекдонаф.

Најдобра актерка во комедија е Мишел Јео, која доби „Златен глобус“ за нејзината улога во „Сѐ, сите, сѐ наеднаш“.

Во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е прогласен „Аргентина, 1985“.

Според критичарите, „Златните глобуси“ се предвесници за Оскарите и најава кој би можел да освои награди на доделувањето на најпрестижните филмски награди.

Share
Scroll to Top