Тужбата која минатиот месец ја поднесе Вирџинија Жуфре, против помладиот син на кралицата Елизабета, принцот Ендру, стигна во кралската ложа во Виндзор, во Англија, каде живее кралското семејство.
Вирџинија е една од девојките кои го обвинија Ендру дека сексуално ги злоупотребил, кога биле тинејџерки. Таа го обвини Ендру дека сексуално ја злоставувал на почетокот на 2000 година ви вилата на неговиот добар пријател, педофилот Џефри Епстајн, во Њујорк.
Таа вели дека кога ја злоупотребил, била малолетна и дека имала само 17 години. Вирџинија ја поднесе тужбата на 27 август, а сега истата им била доставена на кралското семејство во петокот.
Во тужбата е наведено дека Епстај соработувал и со неговата долгогодишна пријателка Гислејн Максвел. Вирџинија тврди дека Епстај заедно со неговите моќни пријатели, меѓу кои и принцот Ендру, во периодот од 2000 до 2002 година, во три наврати сексуално ја злоставувал.
Еднаш во Њујорк, еднаш во Лондон во куќата на Максвел и еднаш во приватниот остров на Епстајн. Војводата од Јорк во повеќе наврати ги отфрлил наводите и рекол дека не се сеќава дека некогаш ја запознал Вирџинија.
Во изјавата за „Инсајдер“ во јули 2020 година, неговите претставници категорично ги негирале ваквите обвиненија.