Столе Стоилов ја заврши играчката кариерата и ќе биде тренер во Вардар

Столе Стоилов ја заврши играчката кариерата и ќе биде тренер во Вардар

пред 10 месеци






Ракометарот Столе Стоилов стави крај на својата играчка кариера, но останува да биде дел од тренерскиот тим на Вардар. Тој помина 12 години во Вардар откако претходно играше за градскиот ривал Металург. Освен Столе, промена е што и по повлекувањето на Михајло Михајловски, сега извршен директор е голманот Борко Ристовски.  Владо Недановски останува тренер, а Стоилов ќе му биде помошник.

Михајловски, со децении вложуваше и го водеше Вардар. Тој се врати во клубот откако се повлече Сергеј Самсоненко, а во тоа време клубот освои две европски титули.

„Сакаме да го вратиме Вардар таму каде што му е местото, да освои титула во домашното првенство и да игра во Лигата на шампиони. Мора да посветиме внимание на младите, да го издигнеме Вардар од почеток. Клубот е срцето на градот и на Македонија“, изјави Стојанче Стоилов.

Фото: Фејсбук

 






Share
Scroll to Top