Директорот на центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, наполни 49 години. Неговата сопруга Јасминка и децата му приредија домашна забава, а слика со тортата Стојанче објави на Фејсбук.
„Роденденска торта со мојата сопруга Јасминка и моите чеда Каролина, Сара и Марко. Да нема недоразбирања, бројот е 49“, напиша тој.
За потсетување, Стојанче долги години е во брак со Јасминка. Тие имаат син и ќерка, а и двајцата имаат по една ќерка од претходните бракови. Стојанче често објавува семејни фотографии. Неодамна тој се чаламеше со видеа како крши ќерамиди со глава.
Ангелов е и претседател на партијата „Достоинство“.