Стојна Костовска е лауреат на Деновите на комедија во Куманово и ќе добие специјална награда

Стојна Костовска е лауреат на Деновите на комедија во Куманово и ќе добие специјална награда

пред 3 години

Глумицата Стојна Костовска е лауреат на годинашните Денови на комедија 2021, што се одржуваат во Куманово, соопштија организаторите. Таа наградата ќе ја добие на 27 септември, на денот на отворањето на Фестивалот.

„Фестивалот ‘Денови на комедија Куманово’ ја доделува наградата ‘Васил Иљоски’ на актерката Стојна Костовска за посебен придонес во театарска уметност, посебно во делот на комедиографијата“, велат тие.

Стојна Костовска е родена на 31 март 1954 г. во Крива Паланка. Дипломира на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за актерска игра во 1978 година. Од 1980 година работи во Македонски народен театар – Скопје. Има синхронизирано над 70 радиодрами, од 1976 до 2017 година беше дел од радио емисијата „Хихирику“ на Македонско радио, а глумеше и во Македонски народни приказни, Погрешно време, До-ре-ми, Театарче Лево ќоше и други.

Share
Scroll to Top