Судија призна дека свирел за Реал Мадрид да стигне до титулата во Лига шампиони

Судија призна дека свирел за Реал Мадрид да стигне до титулата во Лига шампиони

пред 1 година

Главниот судија Марк Клатенбург кој го судеше финалето во Лига шампиони во 2016 година, призна дека Реал Мадрид на нечесен начин дошол до титулата. Клатенбург призна дека голот на Серхио Рамос против Атлетико Мадрид бил нерегуларен, но и покрај тоа решил да го признае.

За потсетување, Реал и Атлетико Мадрид таа година во регуларните 90 минути одиграа нерешено 1:1. Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рамос погоди прв во 15 минута, но Клатенбург призна дека знаел дека Шпанецот бил во офајд. Сепак решил да не му го поништи голот.

„Кога топката стигна во казнениот простор, го видов Бејл како игра со глава и дека Рамос беше во офсајд. Чекав помош од мојот асистент кој не виде играње со глава од Бејл, а јас викав по него. На крајот не можев да го поништам погодокот затоа што немав потврда дека Рамос беше во офсајд“, се правдаше Клатенбург.

Share
Scroll to Top