Таа си замислува дека е рамна со него, познат психолог за Марка објаснува за проблемите меѓу Роналдо и Георгина

Таа си замислува дека е рамна со него, познат психолог за Марка објаснува за проблемите меѓу Роналдо и Георгина

пред 2 години

Целиот свет ја следи драмата во врската меѓу фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез, а сега познатиот психолог Квинтино Аирес во интервју за шпанскиот весник „Марка“, објаснува кој е вистинскиот проблем во нивните односи.

„Таа мисли дека е рамна со него. Се става на пиедестал и мисли дека е на своето ниво. Тој затоа е гневен. Од говорот на телото му се познава дека не е среќен, а како што се оддалечи од семејството е се понервозен“, рече Ариес.

„Георгина по цели денови е во трговски центри и само ги троши неговите пари. И таа заработува, но не ни приближно колку тој. Најмногу од сето тоа што го има, е поради него, дури добива и месечен надоместок од неговата плата. Како може да мисли дека е еднаква?“, додаде тој.

Роналдо во случај да раскинат ќе треба да ѝ плати на Георгина 350 милиони евра.

Богатството на фудбалерот се проценува на една милијарда евра, а на оваа отштета се обврзал кога го потпишале договорот, пренесе португалската телевизија ЦМ. Договорот го потпишале кога Кристијано и Георгина почнале да живеат заедно и кога решиле да имаат биолошки деца.

Двојката има две ќерки, додека сурогат мајките на Роналдо претходно родиле уште три.

„Роналдо веќе го боли главоболка од сумата што треба да ја плати на Георгина доколку раскинат. Тогаш би останала без некои привилегии, како приватен авион, скап возен парк, месечен додаток, но сигурно нема да има финансиски проблеми. Парите се најголемата причина за проблеми и расправии во нивната врска. Роналдо не поднесува да троши пари на глупости“, рече добро упатен извор.

И покрај сè погласните шпекулации за раскинување и наводната жестока расправија во јавноста пред да се качат во авионот, манекенката и реалити ѕвезда негираше  дека има некакви проблеми во нивната врска.

„Завидливите измислуваат гласини, се шират озборувања, а идиотите веруваат“, бил текстот на шпанската песна која Георгина објави на „Инстаграм“.

 

Share
Scroll to Top