Таеквондистот Дејан Георгиевски освои бронза во Рим

Таеквондистот Дејан Георгиевски освои бронза во Рим

пред 2 години

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, освои бронзен медал на престижниот „Гран при 2022“ турнир во Рим. Ова е најсилно рангираниот турнир во таеквондо по олимписките игри и светските првенства.

dobivaj vesti na viber

Актуелниот олимписки вицешампион, како носител, во првото коло беше слободен, по што ги победи Италијанецот Роберто Бота (2-1) и Маикон Сеиквира од Бразил (2-0). Георгиевски во борбата за пласман во финалето беше поразен од олимпискиот првак Сисе од Брегот на Слоновата коска, но го освои првиот Гран при медал во историјата на македонското таеквондо.

Георгиевски следно ќе настапи на Медитеранските игри во Алжир, а во септември ќе настапи на Гран при турнирот во Париз, како дел од подготовките за Олимписките игри 2024 година.

Share
Scroll to Top