Ное 15, 2022
Антонија Гајтановска, Катја Козарова и Зорица Симјановска од танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола се вратија со награди од првиот WDSF Соло латино натпревар за девојки кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.
Со две бронзи се вратија Катја Козарова и Зорица Симјановска, додека Антонија Гајтановска освои 8 место.
Антонија Гајтановска, Катја Козарова настапија во јуниори 1 и јуниори 2, а Зорица Симјановска во возрасните категории постари младинци и возрасни. Во многу силна конкуренција, обезбедија место и во финалните рунди. На победничкиот пиедистал се најдоа Катја Козарова во категорија јуниори со освоено трето место и Зорица Симјановска во категорија возрасни која исто го освои третото место. Антонија Гајтановска во категорија јуниори 1 го освои 8 место, а Зорица Симјановска која настапи и во категорија постари младинци го освои четвртото 4 место.
Танцовиот клуб Степ Ап од Битола беше единствениот клуб кој ја претставуваше Македонија. Инаку натпреварот беше во организација на танцовиот спортски клуб Асторија, а натпреварот за прв пат беше во рамките на WDSF, а тоа значи на највисоко светско ниво.
Трите битолчанки веќе следниот викенд ќе имаат свој настап на меѓународниот голем натпревар „Македонија Опен“ кој следниот викенд ќе се одржи во Скопје.