Потребни состојки:
Еден блок лиснато тесто
1,5 кг јаболка
3 ванили
6 лажици шеќер
слатка павлака
Начин на подготовка:
Во калап за печење ставете го претходно расуканото тесто, отстранете ги краевите и избоцкајте со виљушка. Излупените јаболка исечете ги на тенки парчиња и наредете ги врз тестото. Најубаво изгледа кога се наредени кружно. Измешајте ги ванилите и шеќерот и попраскајте ја сместа врз јаболката. Прелијте со малку слатка павлака. Печете 15 минути на 200 степени, па намалете на 180 степени и печете уште половина час. Пред крајот ставете уште малку слатка павлака и допечете го колачот.