Таткото на убиената снимателка Халина Хачинс, Анатолиј Андросовиќ, смета дека Алек Болдвин е делумно виновен за смртта на неговата ќерка. Иако на почетокот одби да го осуди глумецот, тој сега рече дека Болдвин треба да прифати одговорност и да сноси дел од вината.
„Не разбирам како може да не биде одговорен. Револверот е пиштол кој не пука пред да го стиснете чкрапалото“, рече Анатолиј кој по инцидентот на почетокот не сакаше да го осуди глумецот.
Анатолиј рече и дека му е чудно однесувањето на Болдвин, откако ги избришал твитовите.
„Не можам да го разберам неговото однесување. Зошто ги избриша твитовите, кога беше јасно дека инцидентот се случи на една од пробите. А зошто пукал на пробите? Алек делумно е виновен за испалувањето на тој куршум. Јасно ми е дека Болдвин пукал од него и затоа ми е тешко да разберам како тој не може да биде делумно одговорен за смртта на мојата ќерка“, рече Антониј, а пренесе британски „Сан“.
Анатилиј рече и дека не е сигурен дали неговиот 9 годишен внук Андрос ќе може целосно да се опорави од оваа трагедија.