Татко ја истрижал ќерка си ќелава оти ѝ се потсмевала на соученичка болна од рак

Татко ја истрижал ќерка си ќелава оти ѝ се потсмевала на соученичка болна од рак

пред 3 години

Маж во Америка преку социјалната мрежа „Редит“, раскажа дека ја истрижал ќелава својата ќерка тинејџерка, бидејќи ѝ се потсмевала на соученичка болна од рак. Тој во пораката напишал дека неговата поранешната жена се вознемирила кога ја видела ќерка си без коса и му се налутила поради начинот на кој решил да ја казни.

„Мојата поранешна сопруга и јас имаме 16-годишна ќерка. Имам старателство над неа бидејќи мојата сопруга се пресели кај нејзиното ново семејство. Го кажувам ова зашто не се консултирав со поранешната жена пред да ја истрижам косата на нашата ќерка и сега таа ме осудува мене. Мојата ќерка неодамна ѝ се потсмеваше на соученичка која ја загубила косата поради лекување од рак. Таа дури ѝ ја симнала периката. Наводно, тоа било продолжение на претходна расправија меѓу нив двете, што не е изговор за однесувањето на ќерка ми. Јас не ја воспитував ќерка ми да се однесува така кон луѓето. Бев згрозен од нејзиниот став“, објаснил таткото.

Но тој вели дека ќерка му не се покајала за однесувањето, што уште повеќе го разлутило.

„Таа сметаше дека девојката со ракот го заслужува тоа. Затоа ѝ дадов на мојата ќерка две можности за казна, да ѝ ја одземам цела електроника, вклучително и мобилниот телефон, или да ѝ ја избричам главата. Таа избра да остане без коса“, додал таткото.

Share
Scroll to Top