Тајгер Вудс ја изневерил сопругата со 120 жени

Тајгер Вудс ја изневерил сопругата со 120 жени

пред 3 години

Најдобриот голфер на сите времиња, Тајгер Вудс, ја изневерил сопругата со околу 120 жени, а се лечел и од зависност од секс. Ова го откриваат тој и неколку негови блиски, но и поранешни девојки, во новиот документарен филм за неговиот живот, “Тигар“. Во филмот се прикажува неговиот успех, падот, но и враќањето на голф терените.

Една од соговорничките во документарецот е Рејчел Ушител, жената со која Вудс во 2009 ја изневеруваше својата сопруга, Елин Нордегрен.

„Тој беше во мојот кревет, беше мојот тигар. Тајгер освојува турнири и награди. Може да падне, ама веднаш станува и луѓето сакаат да навиваат за него. Но, жените не добиваат многу. Беше тешко 10 години луѓето да ги слушам како зборат сè и сешто за мене. Некои зборуваат како да ме познаваат, а тоа не е вистина“, вели Ушител во документарецот.

Вудс и Елин

Вудс беше првиот спортист кој во кариерата заработи милион долари. Беше толку доминантен во голфот што дури имаше предлози да му се забрани да се натпреварува затоа што стана монотоно да се губи од него.

Сепак, неговата сексуална незаситност, му донесе повеќе проблеми отколку задоволство во животот. Сопругата Елин Нордегрен ја запозна во 2001 година, а се ожени со неа во 2004 година. Имаат две деца, син и ќерка. Таа побара развод откако во јавноста се појавија голем број жени кои тврдеа дека имале секс афери со голферот.

Тајгер подоцна ѝ признал на сопругата дека спиел со околу 120 жени додека биле во брак. Со голем дел од жените имал секс во периодот додека бил на Клиника за одвикнување од секс.

По разводот во 2010 година, за Вудс повеќе пишуваа таблоидите, отколку спортските весници. И иако имаше четири операции, тој се врати на голфот, за повторно да освојува шампионски титули.

Share
Scroll to Top