Тања и Новица на свадба со Дарко Мијалковски: Скопска шема во Австралија

Тања и Новица на свадба со Дарко Мијалковски: Скопска шема во Австралија

пред 3 години

Фолк-пејачката Тања Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица, во Австралија се дружеа со некогашниот водител и музичар Дарко Мијалковски. Сликата што ја објави Тања предизвика носталгија во јавноста, бидејќи Дарко одамна не објавува свои фотографии и за него не се знае скоро ништо, а тој долго време беше миленик на децата од цела Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Прекрасна средба со прекрасен човек и уметник. Скопска шема“, напиша Тања.

Дарко, кој е син на легендарниот музичар Драган Мијалковски, пред неколку години се пресели во Бризбејн, Австралија со сопругата Марија, која е доктор. Тие имаат две деца. Оттогаш Дарко ретко се појавува во јавноста. Дарко долгои години беше водител на музичкиот фестивал „Супер Ѕвезда“, а беше и директор на фестивалот „Макфест“ во 2014 година.

Share
Scroll to Top