Тврдат дека ги прскаат со вакцина од хеликоптер, нова теорија на австриските антиваксери

Тврдат дека ги прскаат со вакцина од хеликоптер, нова теорија на австриските антиваксери

пред 3 години

Антиваскерите во Австрија непрекинато шират нови приказни за намерите на властите да го вакцинираат целокупното население и на тој начин да ги заплашуваат сите граѓани. Во моментов актуелна е теоријата дека властите во покраината Горна Австрија, која во моментов е жариште на инфекција, ја ставаат вакцината против корана во водата за пиење.

Покраинскиот секретар надлежен за водостопанство, Штефан Кајнедер, рече дека за време на пандемијата постојано се шират лажни вести, за тоа дека властите имаат намера насилно да ги вакцинираат граѓаните.

„Тврдењата кои сега се шират преку месенџер за водата во Горна Австрија се лажни вести“, рече тој.

Тој истакна дека водата за пиење во Горна Австрија е со највисок квалитет и дека постојано се проверува.

„Водата кај нас е намирници која најмногу се контролира“, рече тој и додаде дека вакцинацијата не би можела да се спроведе на тој начин.

Кајнедер нагласи дека таквите приказни имаат за цел само да создадат раздор во општеството. Претходно на протестите во пресрет на новите мерки за лодаун, голем број демонстранти се снимени со кеси на главите, затоа што сакале да се заштитат од вакцините кои наводно се прскаат со полициски хеликоптер.

Во пресрет на протестите, антиваксерите на социјалните мрежи поделија пораки за предупредување на медицинските работници, кои наводно се кријат под шахтите, за во тајност и на сила ги вакцинираат демонстрантите.

 

 

 

 

Share
Scroll to Top