Теа Таировиќ: Задникот ми е природен, правам илјада чучнувања дневно во теретана

Теа Таировиќ: Задникот ми е природен, правам илјада чучнувања дневно во теретана

пред 1 година

Српската пејачка Теа Таировиќ открива дека гласините дека нејзиниот задник е вештачки ги демантира, таа вели дека секој ден вежба во теретана.

„Зборуваат за сѐ и сешто, дури и дека имам вештачки задник, но не знаат дека правам илјада чучнувања дневно. Кога нешто е вештачко, можете да го видите од авион. Ако некој има тенки нозе и голем, подигнат задник, да знаете дека тоа не е природно. Кај мене се гледа дека имам силни бутови и тоа е сѐ од вежбањето. Правам и стомачни, затоа имам стомачни мускули. Тренирам цел живот, а телото не го заборава тоа, па ако понекогаш се опуштам малку, многу брзо се враќам во форма. Сите во моето семејство се згодни, па претпоставувам дека е нормално и јас изгледам добро, а висината ме извлекува. Затоа можам да јадам многу без да се забележи како кај другите“, изјавила Таировиќ.

Признава дека понекогаш нејзината тежина варира и дека не јаде поради љубовни проблеми или стрес.

„Кога имам љубовни проблеми не можам да јадам, па тоа веднаш влијае на мојата фигура, а тука беше и стресот околу концертот во Белград. Сакав сѐ да испадне како што треба, затоа се подготвив и психички и физички. Не стигнав да јадам и да имам нормални оброци. Сега се вратив во нормала“, изјавила Теа.

Пејачката открива дека се труди да води здрав живот. Пие цеден сок, јадае готвена храна и многу овошје и зеленчук.

Share
Scroll to Top