Теа Таировиќ ја пеела истата песна на свадба 47 пати па добила 14.000 евра бакшиш

Теа Таировиќ ја пеела истата песна на свадба 47 пати па добила 14.000 евра бакшиш

пред 3 години

Српската пејачка Теа Таировиќ заработи 14.000 евра од бакшиш на ромска свадба во Германија, откако 47 пати го испеа својот хит „Ајде“. На интернет се појавија видеа од свадбата, а еден од гостите за српските медиуми рекол дека тоа е најдобрата журка на којашто бил некогаш.

„Теа имаше тезга на ромска свадба во Берлин. Кога ја испеа ‘Ајде’, сите скокнаа и почнаа да ѝ даваат евра. Рацете ѝ беа полни со пари. Сите само таа песна ја нарачуваа. Јас броев, таа ја пееше дури 47 пати. На крајот на вечерта слушнав дека добила бакшиш од 14.000 евра“, рекол тој.

Освен Теа на свадбата пееле и Џани, Љупка Стевиќ и групата „Џогани“, но тие заедно не заработиле колку Теа сама.

„Џоле Ѓогани беше многу нерасположен. Му беше жал што Теа цела вечер ја пееше истата песна и за тоа доби многу пари“, рекол истиот извор.

Не е првпат пејачката да добие многу пари за една вечер, особено за песната „Ајде“ која има 49 милиони прегледи на Јутјуб. Таа во јули на приватна прослава за само три минути добила 3.000 евра бакшиш.

Share
Scroll to Top