Некогашната најдобра тенисерка во светот, Каролина Вознијацки, на “Твитер“ објави дека е бремена и дека чека девојче. Таа треба да се породи во јуни.
30-годишната тенисерка е во брак со поранешниот кошаркар Дејвид Лиј и ова е нивно прво дете.
Вознијацки во кариерата освои 30 титули, а од нив само еден Гренд слем, а во 2010 и 2011 заврши како најдобра во светот. На првата позиција на ВТА листата Вознијацки беше 71 недела. Таа е деветта на листа најуспешни тенисерки на сите времиња.
Can’t wait to meet our baby girl in June! ???❤️ pic.twitter.com/kLNJ4BcEYj
— Caroline Wozniacki (@CaroWozniacki) February 10, 2021






