Теона Андова е нова македонска шампионка во тенис

Теона Андова е нова македонска шампионка во тенис

пред 1 година

Шеснаесетгодишната Теона Андова е новата македонска шампионка, откако во денешното женско финале на Државното првенство во поединечна конкуренција ја победи Ива Данева со 2-1 во сетови 4-6, 6-4, 7-5.

Тенисерката на клубот „Југ“, до шампионската титула стигна откако во полуфиналето ја победи Александра Симева. Андова беше поуспешна од бранителката на титулата со 2-1 2-6, 6-1, 6-4, додека во воведното коло триумфираше над Благица Голубова со 2-0 во сетови 6-1, 6-2.

За Ива Данева ова беше трето финале во серија по она во 2021, 2022 и остана со шампионската титула од 2021 година. Во машкото финале утре ќе играат Димитар Грабул и Шендрит Деари.

Share
Scroll to Top