Тетка Сабина беше замена за мајка ми во Турција: Хурем се прости од Ајрула-Тозија со која играа заедно во хит серијата "Величествениот"

Тетка Сабина беше замена за мајка ми во Турција: Хурем се прости од Ајрула-Тозија со која играа заедно во хит серијата “Величествениот”

пред 3 години

Актерката Мерјем Узерли, најпозната по улогата на Хурем Султан во турската серија „Величенствениот“, со емотивна порака се прости од Сабина Ајрула-Тозија. Тие се зближија за време на снимањето на серијата, каде Ајрула-Тозија ја толкуваше улогата на Афифе Хатун, дадилката на султанот, која тој ја сметаше за своја мајка. Покрај овој проект, актерките соработуваа на уште два заеднички проекти.

Узеерли објави нивни заеднички фотографии на Инстаграм.

„Срцето ми крвари од болка“, напиша таа.

Актерката се потсети на 2013 кога се снимаше хит серијата „Величенствениот“. Тогаш на сет ѝ се слошило на Узерли, по што примила инфузија, а снимањето се одложило. Во посета на нејзиниот дом дошла Сабина Ајрула која била сместена само една улица од станот на Узерли. Тогаш Хурем се фотографирала со нашата актерка и на својата фејсбук страна објави: „Замена на мајка ми во Турција. Што би правела јас без тетка Сабина?“

Ајрула-Тозија во едно од нејзините интервјуа и самата говореше за нивната блискост. Пред Узерли да се повлече од серијата „Величенствениот“, Ајрула-Тозија неколку пати се обидела да ѝ објасни дека оваа професија е доста напорна и дека има уште многу до целта. Узерли се откажа поради бременоста, но и самиот притисок на работа.

Претходно, голем број нејзините роднини, пријатели и колеги се простија од Сабина.

Сабина, дама и пријател, секогаш ја имаше истата насмевка – колегите и пријателите се простија од актерката Ајрула-Тозија

 

Share
Scroll to Top