Тетовецот Рене Реџепи ќе го затвори популарниот ресторан „Нома“ во Данска по завршување на зимската сезона 2024 година, бидејќи ќе стане гастрономска лабораторија. Инаку ресторанот неколку пати беше прогласуван за најдобар во светот.
Како што информираше Реџепи преку социјалните мрежи ресторанот ќе биде трансформиран со цел да започне ново поглавје и ќе го носи името „Нома 3.0“. Планот е во 2025 година ресторанот да стане огромна лабораторија, пионерска експериментална кујна фокусирана на иновации и развој на нови вкусови.
Ресторанот беше еднаш затворен во 2016 година за веќе следната се отвори повторно, но на нова локација во Копенхаген.
Ресторанот на тетовецот Рене Реџепи неколку години по ред беше прогласуван за најдобар ресторан во светот, тоа беше случај во 2010, 2011, 2012, 2014 и во 2021 година. Мени во „Нома“ чини околу 500 евра.