Тиганија една од најегзотичните плажи во Грција

Тиганија една од најегзотичните плажи во Грција

пред 2 години

Многу е тешко да се издвои најубавата плажа во Ситонија. Секој што ја посетил Ситонија знае многу добро дека овој полуостров е полн со прекрасни песочни плажи, меѓу кои најпознати се: Каламици, Кариди, Трани Аммуда, Арменистис, Лагомандра, Калогрија, Лагониси, Климатрија, Мега Портокали.

Многу е тешко да се издвои најубавата, но една плажа според многумина е најегзотичната на цел Халкидики, а тоа е плажата Тиганија.

Тиганија се наоѓа во Сикија, на околу 9 километри од Сарти. Нејзиниот егзотичен изглед го дава самиот залив, неговите чадори од палми, но и кафулето на плажата, кое е направено во согласност со околината.

До оваа плажа е нешто потешко достапно, поради што ја нарекуваат и плажа Лавиринт.

Тиганија се наоѓа помеѓу две познати плажи, Кријарици и Климатрија, украсена е со мек песок, но и многу карпест дел од брегот.

Плажата се состои од три заливи, од кои едниот е наменет за кампери и сите кои сакаат да уживаат во песокот, а другите два заливи имаат лежалки и чадори од листови од палми.

Иако до неодамна важеше за скриен скапоцен камен на Ситонија, во последните неколку години се повеќе луѓе го посетуваат.

Убаво е да се посети рано наутро кога нема гужва, ако се одмора во сезона, па нормално дека има поголема концентрација на туристи.

Сепак, исто толку убаво е да се чека зајдисонце на оваа плажа и да се прошета по заливите и да се открие секое парче од оваа природна убавина.

Share
Scroll to Top