Тимберлејк се изјасни за невин за возење во пијана состојба, судијата му ја одзема возачката дозвола

Тимберлејк се изјасни за невин за возење во пијана состојба, судијата му ја одзема возачката дозвола

пред 3 месеци

Џастин Тимберлејк се изјасни за невин за возење во пијана состојба, а судијата нареди да му се одземе возачката дозвола, објавија американските медиуми.

Пејачот (43) бил запрен на 18 јуни во градот Саг Харбор, на околу 160 километри источно од Њујорк, откако полицијата забележала дека неговото БМВ не застанало на знак за стоп и не е во сообраќајната лента.

Полицаецот кој го запре пејачот рече дека тој не е способен да вози.

„Неговите очи беа крвави и стаклени, здивот му мирисаше силно на алкохол, не можеше да се фокусира, зборуваше бавно, одеше нестабилно и падна на сите стандардни тестови за трезвеност на терен“, се вели во полицискиот извештај.

Тимберлејк учествуваше во постапката преку видео врска од Антверпен, Белгија, каде што е на турнеја на која го промовира својот последен албум.

Судијата Карл Ајрејс нареди да му биде суспендирана возачката дозвола на Тимберлејк, а адвокатот на пејачот, Едвард Бурк, на новинарите им рече дека таа ќе трае додека трае случајот.

Бурк повторно инсистираше на тоа дека изведувачот не бил пијан и дека имал испиено само едно мартини.

Следното рочиште за случајот е закажано за 9 август, а Тимберлејк не мора да присуствува.

Share
Scroll to Top