Тимур Дибиров постигна 1000 гола во Лигата на шампиони и влезе во друштвото на Лазаров и Карабатиќ

Тимур Дибиров постигна 1000 гола во Лигата на шампиони и влезе во друштвото на Лазаров и Карабатиќ

пред 2 години

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, на натпреварот со Пик Сегед вчеравечер го постигна својот илјадити гол во Лигата на шампионите. Со ова тој стана четвртиот ракометар во историјата што ја поминал границата од илјада гола и во моментов има 1004.

На листата е прв македонскиот ракометар и селектор Кире Лазаров со 1.462 гола, втор е Никола Карабатиќ, а трет е Момир Илиќ.

Својот прв гол во Лигата на шампионите Тимур го постигна на натпреварот против Горење, кога беше играч на Чеховски Медведи, клубот каде ја почна кариерата. Таму настапуваше до 2013 година, па се пресели во Вардар. Со македонскиот шампион успеа да ги освои сите можни трофеи: два во Лигата на шампиони, четири во СЕХА лигата, шест титули првак на Македонија, шест пати освојувач на Купот и уште три пати освојувач на Супер Купот на Македонија.

 

Share
Scroll to Top