Легендарната пејачка Тина Тарнер со емотивна порака се прости од починатиот син Рони Тарнер.
„Рони, прерано го напушти светот. Во тага ги затворам очите и мислам на тебе, мој сакан сине“, напиша таа на Инстаграм.
Рони беше пронајден мртов пред својот дом во Лос Анџелес, а неговите соседи безуспешно се обидувале да го оживеат. Причината за смртта не е објавена, но американските медиуми пишуваат дека нејверојатно неговата смрт е поврзана со претходната дијагноза на рак.
Рони, кој е помал син на Тина Тарнер, почина 4 години откако неговиот постар брат Крег се самоуби.