Тито со наредба ни го смени презимето, јас бев Стојановиќ: фудбалската легенда Бошко Ѓуровски за својата животна приказна

Тито со наредба ни го смени презимето, јас бев Стојановиќ: фудбалската легенда Бошко Ѓуровски за својата животна приказна

пред 2 години

Стрелецот на првиот хет-трик за Македонија на натпреварот против Кипар во 1995 година, раскажа дека Тито  со наредба ги менувал презимињата во Македонија, па тие кои се презивале не иќ на крајот ќе ја ја добиеле додавката ски.

„Нашето вистинско презиме по татко беше Стојановиќ, а по мајка Петровиќ. Тоа презиме Стојановиќ го носеше мојот дедо Никола, херој од Првата светска војна, а кога моите дојдоа во Македонија, моравме да го смениме. Како да објаснам. Такво беше тоа време. Тито и неговите соработници вршеа притисок врз народот да се земе презиме по некој предок и на крајот да се додаде ски, наместо иќ. Мојот прадедо се викаше Ѓуро, па по него моите прифатија презиме Ѓуровски“, рече Ѓуровски.

Тој во интервјуто зборуваше и за неговото семејство, пријателите од естрадата и неговиот клуб Црвена Ѕвезда.

„Сакам да пејам, иако мојот брат Милко е подобар пејач од мене. Тој сними дует со Лепа Брена, Ана Бекута и со многу пејачки. Јас не. Јас сакам само да се веселам, да пејам за мојата душа. Со ветераните на Црвена Ѕвезда ја обиколивме цела поранешна Југославија, Европа. Тоа беше нашето трето полувреме“, рече Ѓуровски.

„Се дружам и со луѓето од естрадата. Шабан Шаулиќ беше мој домашен пријател. Маринко Роквиќ особено. Двајцата беа големи ѕвездаши. Кога беше комеморацијата на Маринко, неговиот син Никола стана и ја запеа песната на Шабан, „Тамо код најдаљих брда“. Дојде и брат му Марко, па тројцата пеевме. Сето тоа беше спонтано. Покрај нив се дружам и со Мирослав Илиќ, Миле Китиќ, Харис Џиновиќ, Мишо Мијатовиќ, Радиша Урошевиќ. Игравме за репрезентацијата на естрадата. Интересно, испаѓа дека не сакам женски гласови, пејачки. Милко беше поголем фан на нив. Некако песните на машките пејачи ми се поблиски“, рече Ѓуровски.

Тој додаде дека секогаш во срцето му била Црвена Ѕвезда.

„Ѕвезда ја превземав кога Гроф Божовиќ си замина. И тоа во деликатна ситуација. Јас дојдов само да помогнам иако многумина ми гарантираа дека ќе останам подолго време. Џаји и Терзи ми рекоа тогаш, дека ќе направат се за Ѕвезда. Тогаш прифатив. Но, несреќно изгубивме во финалето во Купот од Партизан. Ако судијата Мажиќ го досудеше пеналот над Боачиј, можеби и јас ќе останев да им бидам требер“, рече Ѓуровски.

Share
Scroll to Top