Изминативе денови во Србија се одржува Изборот за Песна на Евровизија во Торино. Вчера се одржа втората полуфинална вечер, меѓу кои беше и нашата пејачка Тијана Дапчевиќ. Таа влезе во финалето и вечерва ќе се натпреварува со останатите 17 финалисти.
Дапчевиќ, која со години живее и работи во Србија, се претстави со песната „Љуби, љуби довека“, чиј текстописец е Леонтина Вукомановиќ. Таа настапи сама на сцената, во црвен костим, чевли на високи потпетици во „nude“ нијанса и шминка.
Во познатата „зелена соба“, беше и нејзината сестра, Тамара Тодевска, која во 2019 година настапи на Евровизија со песната „Proud“, со што ѝ го донесе највисокиот евровизиски пласман на Македонија.
Покрај неа, во финалето се и: Оркестарот на Александар Софрониевиќ, Зое Кида, Зејна, Гифт, Грамофонџије, Сара Јо, Наива, Чеги и Браќа Блуз, Бибер, Зорја, Лифт, Аца Лукас, Констракта, Ивона Анџелина Марија Микиќ и Ана Станиќ. Тие вечерва за последен пат ќе ѝ се претстават на публиката и жирито. Па така, во сооднос 50-50, публиката и жирито ќе го избере овогодинешниот претставник на Србија, кој во Торино, Италија.